УТРО.мк

Ехлоец ќе биде домаќин на културниот настан „Echoes in the Wild“

Ехлоец ќе биде домаќин на културниот настан „Echoes in the Wild“
Vero

Во недела, селото Ехлоец на падините на планината Стогово кај Кичево ќе го угости културниот настан на отворено „Echoes in the Wild“, кој обединува филм, музика и младинска креативност во едно уникатно искуство.

Програмата ќе започне со филмска проекција во организација на „EcoKult“ и „Nightflix“, по што забавата ќе продолжи на локацијата „На камен“ со диџеј сетови на Ива Арифај од Србија, како и македонските артисти Aco Sound и Дарко Јованоски. Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија на современата електронска сцена од регионот.

„Echoes in the Wild“ има за цел да создаде нова навика кај младите – уметноста и културните настани да се доживуваат како заеднички искуства што можат да се случуваат и во мали села, планини, историски или заборавени предели. „Младите имаат идеи и енергија да ја обликуваат својата креативна сцена насекаде“, велат организаторите.

Настанот е во организација на „Моntparnasse“ и се реализира во рамки на проектот Western Balkans Youth Cultural Fund, што го спроведува Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското министерство за надворешни работи. Влезот е бесплатен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран