Поранешниот вицепремиер за економски прашања и долгогодишен министер за финансии, Зоран Ставрески, од оваа недела започна ново поглавје во својата професионална кариера со отворање на сопствено финансиско консултантско биро – „Закс Консалтинг ДООЕЛ“, лоцирано во центарот на Скопје.
Со децениско искуство во креирање и водење на економската политика, Ставрески важи за еден од највлијателните и најценетите економски експерти во земјата. Неговото учество во стабилизирањето на јавните финансии, управувањето со буџетот и справувањето со глобалната економска криза во минатото остави силен печат во економската историја на државата.
Паралелно со отворањето на новата фирма, Ставрески е и надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за финансии и банкарство, каде што неговото стручност и аналитички пристап се сметаат за вреден придонес во водењето на економските политики на новата влада.
Со оваа иницијатива, тој се приклучува на кругот на високообразовани професионалци кои преку приватниот сектор продолжуваат да даваат значаен придонес кон економскиот развој на земјата.