Министерката за финансии, Гордaна Димитриеска Кочоска, оствари официјална средба со нејзиниот црногорски колега, министерот за финансии Новица Вуковиќ. Средбата се одржа по повод преземањето на претседавањето со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за развој на финансии, функција која првпат ја презема македонското Министерство за финансии, досега водена од Црна Гора.
Министрите разговараа за заедничките приоритети и идните реформи во двете земји. Особено беше нагласена важноста на билатералната и регионалната соработка, како и размената на искуства во процесот на евроинтеграциите.
„Ќе продолжиме со заеднички залагања за стабилен економски развој и интеграција во европските финансиски процеси“, истакна Димитриеска Кочоска.