УТРО.мк

Стотици илјади работни места под ризик во ЕУ – најзагрозени индустриските сектори

Стотици илјади работни места под ризик во ЕУ – најзагрозени индустриските сектори
Vero

Европската комисија предупредува дека во наредните години во Европската Унија може да се зголеми невработеноста и да се изгубат голем број работни места поради високите трошоци за енергија, индустриските промени и зелената транзиција.

Според проценките, најзагрозени се автомобилската индустрија, металургијата, хемиската индустрија, како и производството на батерии и соларни панели. Само во овие сектори се очекува ризик за стотици илјади работни места.

Европска комисија истовремено предупредува дека недостигот на квалификувана работна сила останува сериозен проблем низ ЕУ, при што голем дел од компаниите тешко наоѓаат работници со соодветни вештини.

Поради тоа, Комисијата препорачува поголеми вложувања во образование, стручно оспособување и преквалификација, со цел да се намали ризикот од невработеност и да се зајакне конкурентноста на европската економија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран