УТРО.мк

Закани за поставени бомби на аеродромот во Софија и во државни институции низ Бугарија

Закани за поставени бомби на аеродромот во Софија и во државни институции низ Бугарија
Vero

Софија, 4 јуни 2026 – Засилени безбедносни мерки беа воведени денеска на аеродромот „Васил Левски“ во Софија по дојава за поставена експлозивна направа. Надлежните служби веднаш постапиле по пријавата и го активирале стандардниот протокол за вакви ситуации.

И покрај заканата, не беше спроведена евакуација на патниците, а работата на аеродромот продолжи под зголемени мерки на претпазливост и контрола.

Од бугарското Министерство за внатрешни работи информираа дека станува збор за дел од поширок бран закани, откако во текот на денот биле испратени повеќе електронски пораки со предупредувања за наводно поставени експлозивни направи во државни институции во различни градови низ земјата.

Според бугарските медиуми, во градот Годеч привремено биле евакуирани учениците и вработените во едно училиште. По извршените безбедносни проверки не биле пронајдени сомнителни предмети, по што наставата продолжила непречено.

Надлежните органи спроведуваат истрага за утврдување на потеклото на заканувачките пораки и идентификација на лицата кои стојат зад нив. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран