УТРО.мк

Тетовец измамен за 500 евра со лажно ветување за добивање туѓа нега

Тетовец измамен за 500 евра со лажно ветување за добивање туѓа нега
Vero

Седумдесет и едногодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 500 евра од 50-годишно лице од село во општина Боговиње, кое му ветило помош за остварување право на туѓа нега.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 3 јуни околу 15:25 часот. Оштетениот навел дека на осомничениот му ги предал своите лични документи и му исплатил 500 евра, верувајќи дека ќе му помогне во постапката за добивање на ова право.

Како што пријавил тетовецот, по земањето на парите лицето престанало да одговара на неговите телефонски повици и го прекинало секој контакт со него.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран