УТРО.мк

44-годишен маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа во Италија

44-годишен маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа во Италија
Vero

Италијанските медиуми известуваат за тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 44-годишен маж со потекло од Гостивар, кој живеел во местото Бацано во Италија. Станува збор за Фидан Хамити, кој починал откако доживеал несреќа додека управувал скутер.

Несреќата се случила на 2 јуни, околу 10 часот наутро, на улицата Виа Палацето во областа Стиоре. Од засега неразјаснети причини, тој изгубил контрола над скутерот, излетал од коловозот и силно удрил во канал покрај патот.

Италијанските служби за итна помош брзо интервенирале на местото на настанот, но и покрај обидите за реанимација, возачот им подлегнал на повредите.

По трагичниот настан, на социјалните мрежи се појавија бројни пораки на збогување од пријатели и членови на семејството.

Извор: Бологна

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран