
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го номинира својот поранешен личен адвокат Тод Бланш за државен обвинител, потег што веќе предизвикува политички реакции во САД и поделби во Сенатот околу неговата потврда.
Трамп изјавата ја даде на настан во Белата куќа, најавувајќи дека номинацијата ќе биде официјализирана во четврток. Бланш, кој претходно работеше како негов правен застапник, во последните месеци имаше висока позиција во Министерството за правда.
Според критичарите, Бланш го водел Министерството на начин што ја следи политичката агенда на Трамп, вклучително и засилени истраги против неговите политички противници. Демократите го обвинуваат дека ја политизира правдата, додека тој ги отфрла тие тврдења.
Дополнителни контроверзии предизвика и предлогот за фонд од околу 1,8 милијарди долари за компензација на лица кои тврдат дека биле неправедно истражувани, што подоцна беше повлечено по политички притисок.
Во исто време, Министерството за правда продолжи со неколку истраги поврзани со поранешни службеници и противници на Трамп, меѓу кои и случајот против поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.















