УТРО.мк

Само 12 дејности во земјава имаат просечни плати над 1.000 евра

Само 12 дејности во земјава имаат просечни плати над 1.000 евра
Vero

Најновото истражување на Институтот за економски анализи Finance Think открива дека во Македонија постојат само 12 дејности во кои просечната месечна плата надминува 1.000 евра, односно се движи во распон од 1.000 до 2.000 евра. Станува збор за сектори од административно-финансиски, технолошки, производствени и услужни дејности.

На врвот на листата повторно се наоѓаат компјутерските програмери, кои просечно заработуваат околу 115.500 денари месечно. Веднаш зад нив се вработените во научно-истражувачкиот и развојниот сектор со просечна плата од околу 84.000 денари, како и стручните и научните дејности со околу 83.000 денари.

Високо на листата се и работниците во складирање и помошни дејности во транспортот, кои имаат просек од околу 75.900 денари, како и телекомуникацискиот сектор со приближно 74.800 денари месечно. Во првите шест се вбројуваат и вработените во воздухопловството со околу 69.000 денари.

Фармацевтската индустрија бележи просечни плати од околу 67.000 денари, додека финансискиот сектор и производството на пијалаци се на ниво од околу 66.000 денари. Рударството има просек од околу 63.000 денари, а управувачките дејности се нешто под ова ниво.

На 12-то место се наоѓаат осигурителните компании и пензиските фондови, со просечна плата од околу 61.250 денари.

Истовремено, податоците покажуваат дека просечната плата во државата изнесува околу 48.400 денари, додека над 70 проценти од работниците примаат примања под овој просек.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран