УТРО.мк

Македонскиот бисер од Австралија сонува за репрезентативниот дрес: Јовчевски блеска во Рокдејл Илинден

Македонскиот бисер од Австралија сонува за репрезентативниот дрес: Јовчевски блеска во Рокдејл Илинден
Vero

Дин Јовчевски, еден од најперспективните македонски фудбалски таленти во Австралија, продолжува да го привлекува вниманието со своите настапи во дресот на Рокдејл Илинден, клуб со силни македонски корени.

Младиот напаѓач ја освои титулата најдобар стрелец во Националната Премиер лига до 20 години, освојувајќи ја престижната „Златна копачка“, иако има само 18 години. Со своите игри веќе успеа да се наметне и кај сениорите, за кои сезонава забележа седум настапи во австралиската втора лига.

Иако е роден во Австралија, Јовчевски не ја крие својата поврзаност со Македонија. Негова голема желба е еден ден да го облече дресот на македонската репрезентација и да ја претставува земјата на најголемите меѓународни натпреварувања.

Со одличните партии и континуираниот развој, Јовчевски се вбројува меѓу младите фудбалери кои во иднина би можеле да бидат сериозен адут за македонскиот национален тим.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран