УТРО.мк

Владата ја продолжи мерката за акцизите – се очекуваат убави вести за возачите

Владата ја продолжи мерката за акцизите – се очекуваат убави вести за возачите
Vero

Владата на последната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел да се ублажат трошоците за граѓаните и стопанството.

Покрај тоа, по разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата ОКТА, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар, кој почнува да се применува од денеска, 1 јуни.

Според пресметките на Владата, со комбинираното дејство на мерките цената на дизел горивото ќе се намали за 6,5 денари по литар, додека бензините ќе поевтинат за 1,5 денар по литар.

Од Владата велат дека станува збор за директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и компаниите, а се очекува намалувањето на цените на горивата да придонесе за пониски трошоци за живот и работење.

„Намалувањето на цените ќе помогне во задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици“, посочуваат од Владата.

Оттаму додаваат дека остануваат посветени на политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните и најавуваат продолжување на мерките насочени кон заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран