УТРО.мк

Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силно темпо, првите километри следната пролет

Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силно темпо, првите километри следната пролет
Vero

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и според предвидените рокови, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат завршени веќе следната пролет. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посетата на Општина Могила.

Тој оцени дека проектот е од големо значење за развојот на Пелагонискиот регион и ќе придонесе за подобра сообраќајна поврзаност меѓу повеќе општини.

„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар“, изјави Николоски.

Според него, новата автопатска делница ќе овозможи побрз и побезбеден транспорт, ќе ги подобри условите за движење на граѓаните и ќе отвори нови можности за економски развој.

Николоски нагласи дека инфраструктурните инвестиции се клучни за рамномерен регионален развој, посочувајќи дека Пелагонија претставува еден од најзначајните економски региони во државата.

„Тоа многу ќе значи за заживувањето на целиот овој регион и за поттикот на економијата, имајќи предвид дека значаен дел од економијата е токму во Пелагонискиот регион“, додаде Николоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран