УТРО.мк

САД воведуваат 15% царина за македонски производи: Одлука на претседателот Трамп стапува на сила веднаш

САД воведуваат 15% царина за македонски производи: Одлука на претседателот Трамп стапува на сила веднаш
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја потпиша новата извршна наредба со која се воведуваат царини од 15 отсто за увозот на производи од Македонија. Одлуката е дел од поширока мерка која се однесува на сите држави што немаат склучено трговски договор со САД.

Според објавата на МИА, царинската стапка од 15% ќе важи и за Европската унија, и покрај тоа што Вашингтон и Брисел на 27 јули потпишаа рамковен договор за трговска соработка.

Во регионот, највисока стапка ќе плаќа Србија – дури 35 проценти, следена од Босна и Херцеговина со 30. Хрватска и Словенија ќе се соочат со истата царина како и Македонија – 15%, додека најповолна ќе биде Црна Гора со само 10 проценти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран