УТРО.мк

Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид – Св. Наум вреден 11,7 милиони евра

Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид – Св. Наум вреден 11,7 милиони евра
Vero

ОХРИД – Денес официјално беше пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св. Наум, во должина од 24,3 километри, непосредно пред почетокот на летната туристичка сезона.

Проектот, вреден 11,7 милиони евра, доаѓа по речиси четири децении без значајна интервенција на овој патен правец, кој е од клучно значење не само за жителите на Охрид, туку и за туристите и сите граѓани што патуваат кон манастирот Св. Наум или кон соседна Албанија.

„Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија“, соопшти Владата.

Реконструкцијата започна во август 2023 година, а покрај обновувањето на коловозот, заради зголемување на безбедноста и прегледноста на патот, беа извршени и интервенции на косините каде што беше остранет нестабилен карпест материјал и беше поставена заштитна челична мрежа.

Овој патен правец е магистрален и има регионално значење, бидејќи претставува важна врска меѓу Македонија и Република Албанија. Со неговата рехабилитација значително ќе се подобри безбедноста и комфорот за сите учесници во сообраќајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран