УТРО.мк

Божиновска формира Советодавно тело: Експерти ќе ја водат енергетската и рударската политика на државата

Божиновска формира Советодавно тело: Експерти ќе ја водат енергетската и рударската политика на државата
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби нова стратешка алатка – Советодавно тело составено од еминентни експерти, универзитетски професори и интелектуалци со докажано искуство и интегритет.

Министерката Сања Божиновска истакна дека телото е формирано со јасна цел – да обезбеди стручно советување и критичка експертиза за носење информирани одлуки во клучни области како енергетска транзиција, нови инвестиции, безбедност на снабдување и модернизација на рударската политика.

„Горда сум што овие експерти ѝ стојат на располагање на државата целосно волонтерски. Тие веруваат дека знаењето е обврска кога се носат важни одлуки за иднината“, изјави Божиновска.

Првата седница на телото веќе е одржана, каде, според министерката, биле отворени значајни теми и идеи со јасна визија за напредок. Советодавното тело ќе функционира како постојан партнер на Министерството, давајќи мислења и насоки за клучни политики и проекти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран