УТРО.мк

Николоски: По децении запоставеност, патот Охрид – Св. Наум конечно е целосно реконструиран

Николоски: По децении запоставеност, патот Охрид – Св. Наум конечно е целосно реконструиран
Vero

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, денеска официјално беше пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св. Наум, еден од најважните патни правци во охридскиот регион. Реконструкцијата опфати целосно обновување на трасата во должина од 24,3 километри, со што значително се подобрени условите за сообраќај и безбедноста на патот.

Како дел од проектот, освен новиот асфалтен слој, беа извршени и интервенции на одредени косини со цел нивно растеретување и стабилизација, со што се намалува ризикот од одрони и сообраќајни незгоди.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека овој патен правец долго време бил запоставен, при што некои делници не биле допрени уште од времето кога првично бил изграден. „Сега е целосно реконструиран и ќе им овозможи и на жителите и на туристите многу подобра и побрза комуникација“, изјави Николоски.

Реконструкцијата на овој патен правец е дел од пошироката стратегија за унапредување на патната инфраструктура и поддршка на туризмот во регионот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран