УТРО.мк

Премиерот Мицкоски ги соопшти мерките за иднината на горивата

Премиерот Мицкоски ги соопшти мерките за иднината на горивата
Vero

Владата ќе преземе конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Според анализите на движењата на светските берзи, се очекува бензинот од 95 и 98 октани да поскапи за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да се зголеми за 10,5 денари по литар.

„Очекуваме цената на бензините да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.

За да се ублажи ударот врз граѓаните, Владата одлучи да го намали ДДВ-то за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти. Со оваа мерка, цената на бензините ќе остане речиси непроменета, додека дизелот ќе поскапи само за околу 3 до 3,5 денари по литар.

Дополнително, Владата води преговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кон трговците, што може да доведе до дополнително намалување на цените за до 3 денари по литар.

Премиерот истакна дека овие мерки ќе овозможат заштеда од околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно за граѓаните. „Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде Мицкоски.

Според него, Македонија сè уште има најниски цени на горивата во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран