УТРО.мк

Одлични вести: Ново покачување на пензиите во Македонија – ова се деталите

Одлични вести: Ново покачување на пензиите во Македонија – ова се деталите
Vero

Најавено ново покачување на пензиите од септември – сè уште неизвесен моделот

Од септември пензионерите повторно може да очекуваат зголемување на пензиите, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На денешната прес-конференција, на која го претстави предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, таа истакна дека сè уште не е донесена одлука дали зголемувањето ќе биде линеарно или процентуално, иако лично се залага за линеарен пристап.

„Сѐ уште не сме разговарале за моделот, но знаете дека мојот став е дека линеарното зголемување е покоректно“, рече Кочоска.

Според предложениот ребаланс, трансферот од државниот буџет кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) оваа година ќе изнесува околу 50 милијарди денари, а дополнително се предвидуваат и 2,5 милијарди денари за покривање на ликвидносните празнини.

Министерката појасни дека приливите во ПИОМ од придонеси директно се пренесуваат преку Буџетот, и покрај тоа што годинава првата половина од приходите била послаба од очекуваното. Таа увери дека проекциите ќе се остварат до крајот на годината, особено поради растот на платите и зголемената наплата на придонеси.

„Овие 2,5 милијарди се потребни поради привремена неликвидност на Фондот, а не поради дефицит во Буџетот“, нагласи Кочоска.

Во предлог-ребалансот се предвидува и зголемување на средствата за плати во јавниот сектор. Најголем дел од тоа зголемување се должи на 10-процентното покачување на платите во Министерството за внатрешни работи (МВР), кое брои околу 12.000 вработени и претставува најголем дел од администрацијата.

„За платите во јавниот сектор се одвоени околу 800 милиони денари, од кои 600 милиони се предвидени само за МВР“, појасни министерката.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран