Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на претходната одлука од 14 јули 2025 година.
Од 22 јули 2025 година, со почеток од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари за литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари за литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 71,50 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 71,00 денари за литар
Мазут М-1 НС: 40,158 денари за килограм
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за по 0,50 денари по литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 денари по килограм и сега изнесува 40,158 денари по килограм.