УТРО.мк

Божиновска: Финансиска поддршка за ранливите категории за пониски сметки за струја

Божиновска: Финансиска поддршка за ранливите категории за пониски сметки за струја
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од министерката Сања Божиновска, продолжува со спроведување на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани. Целта е да се намалат трошоците за потрошена електрична енергија и да се подобри животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи.

Министерството донесе решенија за финансиска поддршка за две групи: домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, и домаќинства згрижувачи кои згрижуваат од едно до пет лица. Поддршката се реализира преку соработка со ЕВН Хоме, со која секој месец се доставуваат листи на корисници што имаат право на субвенционирање.

Во рок од три дена од приемот на листите, Министерството извршува уплата на вкупниот износ на поддршка до ЕВН Хоме, кој потоа се евидентира како претплата на сметките на корисниците. Претплатата е видлива во фактурите под ставката „Износ во претплата“ и се користи за намалување на месечните сметки, сè до целосно искористување.

Божиновска нагласи дека оваа иницијатива е дел од заложбите на Владата за социјално одговорна енергетска политика и ќе продолжи со исто темпо и во иднина. Целта е поголема енергетска праведност и пристап до енергија за сите граѓани, особено оние на кои им е најпотребна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран