Битолската компанија БВ инженеринг ја заокружи првата половина од 2025 година со позитивен биланс, најавувајќи амбициозни планови за уште поуспешен финиш на годината. Од јануари до јуни фирмата бележи континуирано зголемување на проектниот опфат, имплементираше нови внатрешни процедури за контрола на квалитет и отвори простор за проширување на тимот, се вели во денешното соопштение кое компанијата го објави на социјалните мрежи.
„Месец по месец растевме, учевме, слушавме и се корегиравме – сето тоа за да бидеме уште подобри во секој аспект од работата. Целта ни е на крајот од 2025 година да кажеме дека имавме навистина успешна година“, стои во објавата.
23 години стабилни темели
Основана во 2002 година, БВ инженеринг годинава го одбележува својот 23ти роденден. Од мала инженерингработилница, фирмата прерасна во респектиран партнер во проектирање, консалтинг и реализација на објекти од високоградба и инфраструктура. Управителскиот тим нагласува дека долгорочната визија – „стабилни темели што носат успех“ – останува движечка сила и по две децении работа.