УТРО.мк

Дизелот повторно поскапува

Дизелот повторно поскапува
Vero

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за два денари по литар, почнувајќи од ноќеска на полноќ. Цените на останатите горива остануваат непроменети. Со ова зголемување, малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 72 денари за литар.

Цените на другите горива остануваат следните: ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 76 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 78 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 70 денари за литар.

Од РКЕ информираат дека на светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати во споредба со претходната пресметка бележат раст: бензините во просек за 5,314%, дизелот за 4,601%, екстра лесното масло за 4,326%, а мазутот за околу 2,135%. Воедно, курсот на денарот во однос на американскиот долар, по кој беа формирани цените, е понизок за 0,1781% во однос на претходниот период.

Со ова, просечното зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 0,57% во однос на вчерашните цени.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран