УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е одговор на реалните економски предизвици и потребите на граѓаните

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е одговор на реалните економски предизвици и потребите на граѓаните
Vero

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот за 2025 година, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека ова не е техничка корекција, туку внимателно планиран економски чекор со конкретна цел – развој, стабилност и социјална правда.

Со ребалансот се предвидува повеќе пари за повисоки пензии и плати, зајакната социјална заштита и нови средства за капитални проекти. Дефицитот останува стабилен на ниво од 4% од БДП, што според Министерството за финансии, покажува фискална одговорност и стабилност.

– Секоја ставка во ребалансот е резултат на внимателна анализа. Ова е буџет за раст, сигурност и фискална дисциплина, изјави Димитриеска-Кочоска.

Дополнително, ребалансот вклучува насочена поддршка за домашната економија и за стратешките инвестиции, со фокус на долгорочен економски напредок.

Министерството за финансии нагласува дека овие мерки се прилагодени на актуелните економски услови и се одговор на барањата на граѓаните за подобри услуги, социјална заштита и сигурна иднина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран