УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска на чело на ЦЕФ: Македонија првпат презема претседавање со регионалната финансиска институција

Димитриеска-Кочоска на чело на ЦЕФ: Македонија првпат презема претседавање со регионалната финансиска институција
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни престојува во работна посета на Црна Гора, каде што учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.

Во рамки на состанокот, Македонија за првпат го презема претседавањето со ЦЕФ од Црна Гора, што ќе трае во наредните 12 месеци. Претседавањето ќе се реализира преку Министерството за финансии и ќе претставува значаен чекор во регионалната соработка за унапредување на јавните финансии.

За време на посетата, Димитриеска-Кочоска ќе оствари билатерална средба со нејзиниот црногорски колега, министерот за финансии Новица Вуковиќ. На средбата ќе се разговара за можности за зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на фискалната политика и јавната администрација.

ЦЕФ е регионална организација со седиште во Љубљана, која обезбедува обуки и практични програми за институциите задолжени за управување со јавните финансии, даночната политика и централното банкарство. Македонија има долгорочна соработка со ЦЕФ, особено преку Академијата за јавни финансии, каде што се реализираат едукативни програми за унапредување на јавниот сектор.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран