Македонија презеде претседавање со Центарот за развој на финансии: Фокус на реформи и ЕУ интеграција
Министерството за финансии на Република Македонија од јуни 2025 година го презеде претседавањето со Управниот одбор на Центарот за развој на финансии (CEF) – регионална платформа која ги поврзува знаењето, институциите и реформските процеси во Југоисточна Европа.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека ова е голема чест и одговорност за земјата, нагласувајќи дека претседавањето со CEF не е само признание за досегашниот ангажман, туку и можност за активен придонес во зајакнување на институциите, подобрување на јавните финансии и поттикнување на економски политики што ќе го поддржат процесот на европска интеграција.
„Нашиот фокус ќе биде насочен кон поддршка на реформите, јакнење на институционалните капацитети и унапредување на економските политики во целиот регион,“ изјави министерката.

CEF е реномирана меѓународна организација со седиште во Љубљана, која повеќе од две децении игра клучна улога во развојот на човечкиот капитал и институционалните капацитети на земјите од Западен Балкан и пошироко.