УТРО.мк

Меџити и Зејнула: Заедничка визија за интеграција и застапеност на турската заедница

Меџити и Зејнула: Заедничка визија за интеграција и застапеност на турската заедница
Vero

Во конструктивна и пријателска атмосфера, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес одржа средба со новоизбраниот претседател на Турската демократска партија (ТДП), Зулфикар Зејнула. Средбата беше насочена кон меѓусебно запознавање и размена на ставови за актуелните политички случувања во државата.

На средбата се разговараше за повеќе значајни теми, со акцент на положбата на турската заедница во Северна Македонија. Меџити истакна дека оваа заедница заслужува достоинствена застапеност и континуирана грижа од институциите, во духот на демократските вредности и мултиетничкиот карактер на државата.

„Зачувувањето на идентитетот, јазикот и културата е заедничка одговорност“, беше заедничкиот став на соговорниците.

Се отвори и прашањето за можно идно коалициско партнерство на ТДП во рамки на Владата, како и координација околу подготовките за претстојните локални избори. Меџити нагласи дека редовната комуникација на лидерско ниво и отворениот дијалог се клучни за политичката стабилност и просперитетот на државата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран