Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ги повика сите македонски државјани кои престојуваат во Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да се обратат до надлежните дипломатско-конзуларни претставништва за сите информации и потребна помош.
„Ги повикувам македонските државјани кои престојуваат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до амбасадите во Доха и Абу Даби“, истакна Муцунски.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку своите амбасади и Кризниот штаб, останува целосно на располагање за сите граѓани кои имаат потреба од конзуларна помош или поддршка.
Муцунски нагласи дека институциите се во редовна комуникација со македонските државјани во овие земји и дека ќе продолжат активно да го следат развојот на ситуацијата и навремено да реагираат во интерес на нивната безбедност.