УТРО.мк

Трамп по нападот на Иран: „Слаб одговор, можеби конечно ќе има мир во регионот“

Трамп по нападот на Иран: „Слаб одговор, можеби конечно ќе има мир во регионот“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по иранскиот ракетен напад врз Катар, нарекувајќи го „многу слаб одговор“ на неодамнешниот американски воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп објасни дека САД ефикасно возвратиле и дека не се регистрирани жртви.

„Иран официјално одговори на нашето уништување на нивните нуклеарни постројки со многу слаб напад, како што и очекувавме. Ефикасно реагиравме – беа истрелани 14 ракети, 13 беа пресретнати, а една беше ‘пуштена’ бидејќи не претставуваше закана“, напиша Трамп.

Тој нагласи дека нема повредени Американци и дека не е направена значајна штета. Притоа, се заблагодари на Иран за „рана најава на нападот“, што, според него, помогнало да се избегнат жртви.

„Можеби сега Иран ќе може да продолжи со мир и хармонија во регионот, а јас со задоволство ќе го поттикнам Израел да направи истото“, заклучи американскиот претседател.

Нападот доаѓа по масовната операција на САД и Израел врз три клучни ирански нуклеарни локации, што предизвика тензии на Блискиот Исток. Сепак, Трамп останува оптимист дека ова може да биде пресвртна точка кон деескалација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран