УТРО.мк

Иран разочаран од Кина и Русија

Иран разочаран од Кина и Русија
Vero

Ирански официјални претставници изразија разочараност од недоволната поддршка од страна на Русија и Кина, оценувајќи дека двете големи сили го предале Техеран во критичен момент на зголемени тензии со САД и Израел.

Според извори на агенцијата Ројтерс, иранското раководство смета дека Москва и Пекинг не презеле доволно конкретни чекори за да му помогнат на Иран во услови на растечка западна агресија, особено по неодамнешните американски напади врз ирански нуклеарни постројки и отворените закани за промена на режимот.

Рускиот претседател Владимир Путин денес го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Кремљ, заедно со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров и шефот на военото разузнавање Игор Костјуков.

Путин ги осуди нападите како „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и вети дека Русија ќе се обиде да му помогне на иранскиот народ. Според дипломатски извори, Аракчи пренел лично писмо од врховниот лидер Али Хамнеи со барање за поактивна руска поддршка, но Кремљ не ја потврди таа информација.

И покрај стратешкиот договор меѓу Москва и Техеран, потпишан во јануари, иранските власти тврдат дека Русија не направила доволно и дека поддршката е главно декларативна. Истата критика важи и за Кина, која, според Техеран, исто така останала пасивна во момент кога се заканува регионален конфликт со глобални импликации.

Според иранските претставници, „коалицијата на убијци“ составена од САД, Израел и нивните сојузници, се чувствува охрабрена од воздржаноста на Русија и Кина. Техеран бара појасна политичка и воена поддршка, во спротивно, како што наведуваат, ќе го преиспита сопствениот геополитички курс.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран