УТРО.мк

МНР со апел до граѓаните во Блискиот Исток: Следете ги упатствата и избегнувајте патувања

МНР со апел до граѓаните во Блискиот Исток: Следете ги упатствата и избегнувајте патувања
Vero

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции. Во контекст на влошената безбедносна состојба и затворањето на воздушниот простор на повеќе држави од регионот, Министерството препорачува граѓаните да се воздржат од патувања во овие земји сè до стабилизирање на состојбата.

Од Министерството потсетуваат дека покрај претходно упатениот повик до македонските граѓани кои престојуваат во Израел, се повикуваат и оние што се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати да се обратат до надлежните дипломатско-конзуларни претставништва за какви било информации или потребна поддршка.

Контакт информации на македонските амбасади:

Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 | Е-пошта: [email protected] Абу Даби: +971 56 441 7532 | Е-пошта: [email protected] Доха: +974 50 173 111 | Е-пошта: [email protected] МНРиНТ (дежурна служба): +389 75 273 732 / +389 75 268 736 | Е-пошта: [email protected]

Министерството уверува дека преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларните претставништва останува во постојана комуникација со сите наши државјани кои имаат потреба од конзуларна помош.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран