Царински службеници и мобилни царински тимови извршија повеќе запленувања на граничните премини, откривајќи 92 грама злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, цигари, парфеми и детска облека со заштитени трговски марки.
На Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багаж на турски државјанин, биле пронајдени 53 грама златни плочки и 11 златни монети со вкупна вредност од 538 илјади денари. Во друг случај на истиот аеродром, кај македонски државјанин кој допатувал од Лондон биле запленети два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Ејпл“.
Вкупно 37.500 евра биле запленети на граничниот премин Табановце во два одвоени случаи. Српски државјанин при влез во државата имал 24.000 евра, од кои 10.000 му биле вратени, а 14.000 привремено задржани. Македонски државјанин при излез од државата имал 25.500 евра, од кои 2.000 му биле вратени, а 23.500 привремено задржани.
На граничниот премин Ново Село биле откриени 96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во два одвоени случаи. Во првиот, при влез во државата со автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 96 кутии цигари и 10 ремени. Во вториот, во багажниот простор на автомобил со македонски таблички биле пронајдени 24 ремени.























