Американската армија најави план за набавка на најмалку еден милион дронови во следните две до три години, а во подоцнежниот период годишно бројот би можел да достигне неколку милиони, изјави денес секретарот на американската армија, Даниел Дрискол.
Во интервју за Ројтерс, Дрискол истакна дека забрзувањето на набавката ќе претставува голем предизвик, со оглед на тоа што сегашната годишна набавка изнесува околу 50.000 дронови.
„Тоа е огромна задача, но сме целосно способни да ја реализираме“, нагласи Дрискол.























