Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена да ја поддржи средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, но само доколку таа резултира со договор за прекин на огнот и завршување на војната.
Зеленски нагласи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој денеска разговараше со Трамп во Белата куќа, „сакал да го доведе Трамп во Унгарија за средба со рускиот диктатор“.
„Наша позиција е јасна: доколку средбата навистина може да обезбеди прекин на огнот и крај на војната, Украина ќе поддржи одредени формати“, истакна Зеленски, пренесува порталот РБК Украина.























