УТРО.мк

Полицијата откри воен арсенал и плантажа со канабис

Полицијата откри воен арсенал и плантажа со канабис
Vero

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М. (48) од селото Подмољје, општина Дебрца, поради сомнение за сторени две тешки кривични дела: „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Откривањето на нелегалната дрога и оружјето се одвивало во две фази. На 30 октомври 2025 година, полициските службеници врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени 25 куршуми и опаковка со кокаин.

Следниот ден, на 31 октомври 2025 година, бил извршен претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, кој го користел осомничениот. Таму полицијата открила цел арсенал: 488 стебла канабис, 1.357 парчиња муниција од различен калибар, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, две автоматски пушки, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, два стари револвери, тромблонски држач, како и тело и иницијална каписла од рачна бомба.

Целото оружје, муниција и дрога биле нелегално поседувани од осомничениот, а поради сериозноста на делата, СВР Охрид го достави случајот до надлежното обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран