УТРО.мк

Полициска потера заврши со трагедија: Шестмина загинати откако автомобил со мигранти падна во езеро во Бугарија

Полициска потера заврши со трагедија: Шестмина загинати откако автомобил со мигранти падна во езеро во Бугарија
Vero

Шест лица загинаа, а четворица се повредени во тешка несреќа кај Бургас, Бугарија, откако автомобил со мигранти слета во езерото Ваја за време на полициска потера. Возилото било регистрирано во Романија, а го управувал државјанин на Романија, пренесува Euronews.

Според извештаите, во автомобилот „Шкода“ се превезувале вкупно 10 лица. Преживеаните изјавиле дека се од Авганистан.

Потерата започнала околу 21:20 часот, кога полициска патрола забележала возило кое се движело со екстремна брзина и опасно маневрирало. И покрај дадените сигнали за запирање, возачот продолжил да бега и во два наврати го менувал правецот за да го избегне полициското блокирање.

Полицијата поставила двоен контролен пункт во близина на Бургас и се обидела да го сопре возилото со поставување шилци на патот. Возачот, меѓутоа, се движел многу блиску зад друго возило за да го оневозможи нивното користење, па дури и го удрил тој автомобил, изјавил заменик-министерот за внатрешни работи Ивајло Златанов.

По кратко време, возилото излетало од патот и паднало во езерото Ваја.

На местото пристигнале спасувачки екипи, но шест лица починале. Четворица преживеале, меѓу кои и возачот, и тие се пренесени во болница.

Според бугарските власти, ова е уште еден случај кој укажува на зголемениот ризик и трагичните последици од шверцот на мигранти и избегнувањето полициски контроли.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран