Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, јавува РТВ.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 08:59 часот. Епицентарот се наоѓал околу 71 километар источно-југоисточно од Сараево и 22 километри од Фоча, на длабочина од шест километри.























