УТРО.мк

По инцидентите со дронови во Белгија и Шведска – Брисел алармира за зголемени ризици

По инцидентите со дронови во Белгија и Шведска – Брисел алармира за зголемени ризици
Vero

Портпаролот на Европската комисија за одбрана, Тома Рение, денеска изјави дека последните инциденти со неидентификувани дронови во Белгија и во Шведска се јасен сигнал дека Европа се соочува со сериозна безбедносна закана.

Рение нагласи дека затворањето на аеродромите и нарушувањата на воздушниот сообраќај укажуваат на тоа дека Европската унија се наоѓа во услови на „хибридна војна“, како што повеќепати истакна и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Европа е во опасност. Ова не се изолирани инциденти, туку координирани притисоци врз нашата безбедност – изјави Рение, додавајќи дека Комисијата дава целосна поддршка на Белгија, Шведска и сите земји членки кои се соочуваат со вакви ситуации.

Како дел од новиот Патоказ за одбранбена подготвеност, Европската комисија најави иницијатива за создавање на т.н. „Ѕид од дронови“ – заеднички европски систем за заштита и рано откривање на беспилотни летала. Проектот треба да започне во првиот квартал од следната година, а се очекува да стане оперативен до крајот на 2026 година.

Во однос на шпекулациите дека зад нападите со дронови стои Русија, Рение изјави дека утврдувањето на изворот е исклучиво во надлежност на националните безбедносни служби, а Европската комисија нема да изнесува претпоставки без официјални докази.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран