УТРО.мк

На денешен ден 1947: Почнува со работа Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Бугарија

На денешен ден 1947: Почнува со работа Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Бугарија
Vero

На 7 ноември 1947 година, во Горна Џумаја (денешен Благоевград, Бугарија), со изведувањето на пиесата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов, официјално започнала дејноста на Обласниот македонски народен театар. Овој ансамбл претставува прв професионален македонски драмски театар не само во градот, туку и во целата Пиринска Македонија, со претстави кои се изведувале на македонски литературен јазик.

Театарот имал значајна улога во зацврстувањето на македонската национална свест кај населението во Пиринскиот крај. Прв уметнички директор, драматург и режисер бил Илија Милчин, кој ја водел институцијата од 1947 до 1948 година.

На свеченото отворање присуствувале претставници на општествено-политичкиот и културен живот од областа, гости од НР Македонија, како и претставници на Националниот комитет на ОФ и Сојузот на артистите на Бугарија. Претседателот на Обласниот комитет на Отечествениот фронт, Георги Мадолев, го поздравил почетокот на театарската сезона со пригодни зборови, истакнувајќи ја улогата на театарот во развојот на македонската култура и национално сознание.

Историските записи покажуваат дека „Обласниот македонски народен театар“ имал клучна улога во подигањето на националната свест и културната активност на Македонците во Пиринска Македонија, додека по донесувањето на резолуцијата на Информбирото во 1948 година и особено по 1956 година, бугарската држава ја променила својата политика кон македонското малцинство, негирајќи ја македонската нација и јазик и ограничувајќи ја употребата на македонскиот јазик во образованието.

Извор: Рацин.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран