УТРО.мк

Столе Димитриевски капитулира пред љубовта: Ирина го освои срцето на голманот

Столе Димитриевски капитулира пред љубовта: Ирина го освои срцето на голманот
Vero

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, денеска се венча со својата партнерка Ирина Јанкуловска на интимна церемонија во Шпанија, државата каде што живее и ја продолжува кариерата во клубот Валенсија.

Свадбата беше организирана во тесен круг со присуство на семејството и најблиските пријатели, без јавни најави и медиумски присуство. И покрај приватната атмосфера, младенците на социјалните мрежи споделија дел од најубавите моменти од големиот ден.

Ирина избра елегантен сатенски венчален фустан со чисти линии, дополнет со нежна бела наметка и букет од рози. Димитриевски се појави во класичен црн костум со бела кошула, задржувајќи го препознатливиот минималистички стил.

Двојката е заедно околу една и пол година, а Јанкуловска беше присутна и покрај него при потпишувањето на договорот со Валенсија. Иако во репрезентацијата има статус на прв голман, во Ла Лига оваа сезона неговата минутажа е ограничена.

На споделените фотографии се гледаат моменти пред општинската зграда, во приватниот двор и на семејна прослава во ресторан, каде што најблиските наздравувале за почетокот на нивниот заеднички живот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран