УТРО.мк

GTA 6 нема да излезе оваа година – Ново одложување

GTA 6 нема да излезе оваа година – Ново одложување
Vero

Обожавателите на Grand Theft Auto VI ќе мора да почекаат подолго за новиот дел од една од најпопуларните серии во светот на видео игрите. Rockstar Games и нивната матична компанија Take-Two Interactive повторно го одложија објавувањето, овој пат за шест месеци, со нов официјален датум 19 ноември 2026 година, наместо претходно најавениот мај 2026 година, објави Variety.

Rockstar Games преку социјалната мрежа X се извини за продолженото чекање и потенцира дека дополнителното време ќе биде искористено за завршување на играта со високото ниво на дотерување што го очекуваат фановите.

„Grand Theft Auto VI сега ќе биде објавен на 19 ноември 2026 година. Жалиме што чекањето се продолжува, но овие месеци ќе ни овозможат да ја завршиме играта на најдобар можен начин. Ви благодариме за трпението и поддршката“, стои во соопштението на компанијата.

Извршниот директор на Take-Two, Штраус Зелник, истакна дека целта е да се испорача „невиден наслов“ во историјата на забавата. „Сакаме да создадеме нешто што ќе биде исклучително и уникатно, и затоа е потребно дополнително време“, рече тој.

GTA 6 е во развој повеќе од една деценија. Првично беше планирано објавување есен 2025 година, што подоцна беше одложено за мај 2026 година, а сега новиот датум е до крајот на 2026 година.

Неодамнешните отпуштања на околу 30 вработени во британската филијала на Rockstar Games не се поврзани со одложувањето. Компанијата соопшти дека станува збор за прекршување на корпоративните правила, додека синдикатот ја обвини за „синдикално разбивање“. Take-Two ги нагласи дека станува збор за две одвоени прашања.

Во деловниот сегмент, Take-Two објави приход од 1,77 милијарди долари и нето загуба од 133,9 милиони долари за кварталот што заврши на 30 септември. Главните извори на приход беа NBA 2K26, NBA 2K25, Borderlands 4, Toon Blast, како и долгогодишните хитови Grand Theft Auto Online, GTA V, Red Dead Redemption 2 и Red Dead Online. Компанијата ја зголеми прогнозата за годишниот приход на 6,4–6,5 милијарди долари и најави нови наслови, вклучително следната итерација на BioShock и главните проекти на Zynga.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран