УТРО.мк

Како да се ослободите од болки во грбот: 4 ефикасни совети

Како да се ослободите од болки во грбот: 4 ефикасни совети
Vero

Болките во грбот најчесто се јавуваат помеѓу 20 и 55 години, а страдаат околу 80% од луѓето. Во повеќето случаи болката поминува сама, но доколку потрае, задолжително консултирајте се со лекар.

1. Студено и топло:

Првите 48 часа користете лед за намалување на болка и оток – 20 минути неколку пати на ден. Потоа преминете на топло-влажен облог за стимулирање на протокот на крв и ублажување на спазмите.

2. Масажа:

Масирајте ги болните делови со партнер или користете тениски топчиња во долга чорапа за само-масажа. Професионален масер, физиотерапевт или киопрактичар можат значително да помогнат.

3. Природен седатив и лекови:

Во случај на силна болка, користете лекови само по препорака на лекар. Алтернатива е валеријана (капсули или чај) за смирување и олеснување на стресот.

4. Правилен став додека седите и стоите:

Седете со стопала на подот и поддршка за долниот дел на грбот. При стоење, наизменично подигнувајте еднa нога на мала подлога за да се ослободат мускулите и да се намали напрегањето.

Следејќи ги овие совети, болката во грбот може значително да се ублажи или исчезне за кратко време.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран