УТРО.мк

МВР поднесе кривична пријава против полицаец за сериозно кривично дело

МВР поднесе кривична пријава против полицаец за сериозно кривично дело
Vero

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „попречување на правдата“ (член 368-а став 8 од КЗ).

Инцидентот се случил на 4 октомври 2025 година, кога Ф.Н., како дежурен криминалистички техничар, преземал службени дејствија во случај со две лица уапсени поради сомневање за трговија со дрога. Според внатрешната контрола, пријавениот овозможил на друг полициски службеник, О.С., кој тогаш не бил на работа и кој е татко на еден од уапсените, И.С., да се вмеша во постапката.

О.С. имал целосен увид и управување со службената документација, ги придружувал уапсените при прибирање на биолошки траги и дури земал примероци од урина. Вештачењето потврдило дека примерокот од урина, наводно земен од уапсениот И.С., всушност бил од таткото О.С., што покажува обид за уништување на докази и отежнување на кривичната постапка.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола најави поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а Ф.Н. е суспендиран и отстранет од работното место додека трае истрагата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран