УТРО.мк

Тешко повреден 30-годишен возач во судир на „ауди“ и „голф“

Тешко повреден 30-годишен возач во судир на „ауди“ и „голф“
Vero

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот. Во судирот учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Е.Б. од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, кое го управувал 30-годишниот А.С. од селото Добридол.

Во несреќата, возачот на „голфот“, А.С., се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на „аудито“ Е.Б. и еден негов сопатник се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, која работи на утврдување на причините и околностите под кои се случил судирот.

Напомена: Фотографијата е изработена од AI.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin