
Двајца 14-годишни малолетници биле затекнати како физички се пресметуваат на улицата „Илинденска“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на 3 август 2026 година околу 16:10 часот, полициски службеници кои извршувале службени активности забележале физичка пресметка меѓу двајца малолетници.
По нивната идентификација, било утврдено дека станува збор за двајца 14-годишници кои се сместени во Дом за згрижување во Скопје.
Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи – Скопје, со малолетниците бил извршен службен разговор, по што тие биле предадени на овластено лице.

















