Утринава на експресниот пат Штип – Радовиш се случи тешка сообраќајна несреќа, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река.
Според првичните информации, во несреќата има загинати и повредени лица. На терен интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.
Министерството за внатрешни работи во текот на денот се очекува да излезе со повеќе информации за причините и последиците од трагичниот настан.