УТРО.мк

Акциска контрола во Тетово – Има уапсени

Акциска контрола во Тетово – Има уапсени
Vero

Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, вчера спроведоа акциска контрола на повеќе локации во Тетово по претходни оперативни сознанија за можни незаконски активности.

При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“, во 14:00 часот, од слобода е лишена Г.Ш. (41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за посредување при проституција, кривично дело предвидено со член 191 од Кривичниот законик.

Во објектот бил присутен и управителот Г.Н. (59) од Тетово, по кого и осомничената се одземени мобилни телефони за потребите на истрагата. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по комплетирање на документацијата ќе следува поднесување на соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран