
18-годишник и уште шест лица се повредени во сообраќајка во скопско што се случила вчера. Во истата учествувале четири возила.
– На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на село Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од село Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од село Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од село Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје, информираа од МВР од каде додаваат:
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Напомена: Фотографијата е креирана од AI.

















