УТРО.мк

ВИДЕО: Експлозии одекнуваа во бугарски воен објект, евакуирани 300 работници

ВИДЕО: Експлозии одекнуваа во бугарски воен објект, евакуирани 300 работници
Vero

Голема експлозија и пожар избувнаа денеска во воено-производствен и складиштен комплекс во близина на селото Белица, во општина Трјавна, Бугарија. Од објектот биле евакуирани околу 300 работници.

Според првичните информации, инцидентот се случил околу пладне, кога се запалил камион, по што пожарот се проширил кон складиште во кое имало муниција. Од објектот потоа биле регистрирани и дополнителни детонации, додека над областа се издигнал густ чад.

Регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова, соопшти дека во инцидентот нема загинати или повредени работници и дека сите лица кои се наоѓале во објектот биле навреме евакуирани.

Поради опасноста од чадот и можноста за дополнителни детонации, локалните власти ги повикале жителите на околните населени места да останат во своите домови. Како дополнителна превентивна мерка, била наредена и евакуација на дел од блиските населени места додека пожарникарите интервенирале на терен.

Според досегашните информации, најверојатно станува збор за несреќен случај, а не за намерен чин или саботажа. Бугарското национално радио објави дека пожарот можеби избувнал при полнење на резервоари со гориво од цистерна, по што дошло до палење и експлозија на муницијата во еден од магацините.

Објектот е во сопственост и под управување на бугарската одбранбена компанија ЕМКО, чиј сопственик е бизнисменот Емилијан Гебрев. Локацијата кај Белица е класифицирана како индустриски објект со висок потенцијал за ризик, поради активностите поврзани со производство и монтажа на муниција, работа со експлозивни материјали и поправка на оружје.

Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и со безбедносните мерки во околината, а истрагата треба да ги утврди точните причини за избувнувањето на пожарот и последователните експлозии.

Explosion at Military Plant in Bulgaria Prompts Evacuation of Around 300 PeopleMinutes before 11 a.m. on August 10, a truck caught fire in the yard of a military plant in the village of Belitsa near the town of#Tryavnawhile delivering fuel.The explosion was an accident,…pic.twitter.com/ZXDBzVE7re— APA News Agency (@APA_English)August 10, 2026

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin