УТРО.мк

Пожар избувнал во БМВ на паркинг во Тетово

Пожар избувнал во БМВ на паркинг во Тетово
Vero

Пожар избувнал во патничко возило „БМВ“ кое било паркирано на улицата „120“ во Тетово.

Случајот бил пријавен вчера во 15:55 часот во СВР Тетово. Возилото било со тетовски регистарски ознаки и било во сопственост на 62-годишниот Л.Д. од село Долно Палчиште.

Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил навреме локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

На местото на настанот била извршена увидна постапка од страна на екипа на СВР Тетово, а дополнително се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот и причинетата материјална штета.

Напомена: Фотографијата е генерирана од AI.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin