
Голем сообраќаен застој утрово е регистриран на патниот правец Гостивар – Стража, откако се случила сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила.
Несреќата се случила по Гостивар, во насока кон Стража, во близина на првиот каменолом. Меѓу возилата кои учествувале во сообраќајката има и камион кој превезувал дрва.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, а на патниот правец Гостивар – Маврово се создала долга колона возила. Возачите во моментов се движат со значително намалена брзина, а на места сообраќајот и стои.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, како ниту за причините и околностите под кои се случила несреќата.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.

















